Дарко Гелев-Брејк повторно е во фокусот на музичката јавност со својата најнова нумера „Една во милион“, придружена со впечатлив видео-запис. Со ова издание, тој го зацврстува своето активно враќање на сцената, кое започна во декември 2024 година со песната „Оваа песна не знаев да ја напишам“.
Новата композиција е создадена во соработка со истакнати автори од домашната музичка сцена. Музиката ја компонираше Никола Перевски, текстот го напиша Игор Џамбазов, додека аранжманот, како и миксот и мастерингот, се дело на Дарко Димитров.

