Кошаркарите на Соколи одиграа одличен натпревар и забележаа значајна победа на гостински терен, совладувајќи го тимот на Охрид со убедливи 55:75 во рамките од плејоф фазата.

Најефикасен поединец беше Христијан Тодоровски со 20 поени, додека со својата прецизност и неколку атрактивни потези се истакна и Никола Караколев.

По натпреварот, задоволство од прикажаното изрази И тренерот Тоше Димиќ:

„Извојувавме значајна победа во Охрид. Тимот одигра одлично и во одбраната и во нападот. Христјан Тодоровски беше најефикасен со 20 поени, а се истакна и Никола Караколев со прецизни и атрактивни потези. Иако игравме без плејмејкерот Тодоровски поради болест, Митевски и Митев одиграа одлично. Сите кошаркари дадоа свој придонес и заслужено стигнавме до важна гостинска победа во плејофот,“ изјави тренерот Тоше Димиќ.

Со оваа победа, Соколи уште еднаш потврдија дека се сериозен кандидат во плејоф трката  и чекор поблиску до историски пласман во кошаркарската суперлига.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *