„Принчипеса“ претставува најавна песна за заедничкиот концерт на Владо Јаневски и Бајага, кој ќе се одржи на 14 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на продукцијата Авалон.

На неодамнешната прес-конференција во Скопје, Јаневски раскажа како започнала неговата соработка со Момчило Бајагиќ – Бајага.

„Кога го посетив Бајага, имав подготвено само две-три песни и ми беше потребна помош како млад пејач. А кој друг би ми помогнал ако не најголемата ѕвезда? Бајага и јас сме пријатели со години, имаме слична возраст, но тој започна многу порано и веќе имаше искуство. Тој ми дозволи да ја изведам песната ‘Твоите очи’ од Здравко Чолиќ, која ја напиша сам“, рече Владо Јаневски.

Во 2025 година, Јаневски објави албум за хрватскиот пазар со 16 нови песни, во издание на Менарт.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *