Доцна синоќа, експлозивна направа беше фрлена врз семејната куќа на познатиот пејач Здравко Чолиќ во Дедиње, пишуваат српските медиуми.
Веднаш по пријавата, полициските сили ги блокираа приодите кон домот на пејачот, а истрагата ја спроведоа на лице место припадници на МВР и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Форензичарите собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор за да го идентификуваат напаѓачот.
Извори блиски до истрагата наведуваат дека пејачот веројатно не бил дома во времето на експлозијата, но сè уште нема официјална потврда за движењата на семејството.
Соседите опишуваат дека слушнале „страшна детонација“ што ги вознемирила жителите на овој дел од градот.
Според неофицијални информации, во моментот на нападот не се наоѓал во домот, туку бил во Загреб, Хрватска.
Нападот на неговата куќа во белградската населба Дедиње се случил рано утрово. На куќата беше фрлена експлозивна направа која предизвикала силна детонација и значителна материјална штета, но за среќа, нема повредени лица.
