Објавен е трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“. Мерил Стрип и Ен Хатавеј повторно во светот на модата, моќта и интригите. Премиера на 1 мај 2026.

Дваесет години откако филмот „Ѓаволот носи Прада“ стана култен хит, Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во немилосрдниот свет на високата мода, моќта и канцелариските интриги.
20th Century Studios го објави новиот трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, кој нуди подетален поглед во продолжението чија премиера е закажана за 1 мај 2026 година, пренесува Variety.

За што ќе раскажува продолжението?

Во новиот филм, приказната повторно ја следи Миранда Пристли (Мерил Стрип), главната уредничка на списанието Runway, која се соочува со падот на печатените медиуми и се обидува да го пронајде своето место во индустрија што полека згаснува.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *