Македонскиот интернационалец Иван Николов (23) се пресели во Радник Бјелина- Босна и Херцеговина и ќе настапува како централен врзан играч со дресот број 80. Роден во Штип во 2002 година, Николов настапувал за македонските клубови Брегалница, Вардар и Брера, како и за данските Вендисисел и Сондрјиске.

Тој има богато репрезентативно искуство, вклучувајќи настапи за сите младински селекции на Македонија, 22 меча за U21 и дебитантски настап за А репрезентацијата. Радник очекува неговото доаѓање да донесе стабилност и креативност во средниот ред за продолжението на сезоната.

Клубот од Бјелина официјално го потврди трансферот и му посака добредојде на 23-годишниот играч од средниот ред.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *