По зимската пауза, одбојкарите на Штип УГД го стартуваат вториот дел од сезоната 2025/26. Во рамки на првото пролетно коло, штипјани во сабота со почеток од 18 часот ќе ја пречекаат екипата на ОК Сушево.

Тренерот на Штип УГД, Кристијан Ристески, во изјава за Енџелс ФМ истакна дека во вториот дел од сезоната нема да има промени во тимот и дека клубот продолжува со истиот ростер.

„Нема ништо ново, остануваме со истиот состав. Веруваме во момците и во континуитетот кој го градиме од почетокот на сезоната“, изјави Ристески.

Инаку ОК Штип УГД претходната сезона одигра 11 кола каде што загуби само една средба со што стана и есенски шампион.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *