Од 1 јануари, грчките власти ја воведоа новата регулатива со која целосно се забранува продажбата на цигари и други тутунски производи во дути-фри продавниците, вклучително и на граничниот премин Евзони. Со оваа одлука, за голем број Македонци заминува во заборав долгогодишната практика да се купуваат евтини цигари при влез или излез од Грција. Забраната е дел од построгите европски правила за контрола на тутунот и спречување нееднаквост во цените меѓу земјите членки.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *