Македонската ракометна репрезентација вечерва во 20:30 часот го игра својот прв натпревар на Европското првенство, а противник ни е домаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен натпревар, со победа против Митјиланд.

Ова е вторпат македонските ракометари на стартот на Европско првенство да играат против Данска во Хернинг; првиот ваков дуел беше во 2014 година. Овој натпревар е дел од групата Б, а во истата група претходно во 18 часот се сретнуваат Португалија и Романија.

Нашата репрезентација следните натпревари ги игра против Португалија во недела од 18 часот и против Романија во вторник, исто така од 18 часот.

Во следната фаза ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации од групата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *