На 15 јануари 1997 година во Штип, компанијата Телекабел го регистрира својот прв кабелски приклучок. Тоа не беше само технолошки чекор туку почеток на визија што ќе ја промени телекомуникациската сцена во Македонија.Од самиот почеток целта беше јасна – квалитетна услуга, коректен однос и долгорочна доверба.

Со години на континуирани инвестиции и стратешки развој, Телекабел израсна во стабилен и сигурен оператор со целосна покриеност преку сопствена телекомуникациска мрежа.

Денес, услугите на Македонскиот бренд се достапни во: Штип, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Скопје, Радовиш, Неготино, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Пробиштип, Делчево, Валандово и Ресен.

Телевизија со квалитетна и богата програмска понуда

Оптички Интернет со најстабилна и брза конекција

Телефонија за сигурна комуникација

Мобилни услуги за динамичен животен стил

Корисниците имаат можност да ги изберат најдобрите дуо и семејни пакети, внимателно креирани за максимална вредност и флексибилност – без скриени услови и без обврзувачки договори.

Корисникот во центарот на сѐ

Со 24-часовна техничка и корисничка поддршка, постојано вложување во модернизација и одржување на ниски и фер цени, Телекабел останува посветен на она што е најважно – задоволен корисник. Успешноста  на Телекабел за сите овие 29 години  е резултат на слушање, грижа и брза реакција.Телекабел е единствениот телекомуникациски бренд со 100% македонски капитал, кој веќе 29 години успешно работи без обврзувачки договори.

Компанијата претставува големо семејство во кое вработените растат, напредуваат и ја градат својата кариера заедно со развојот на Телекабел.

Признанија што ја потврдуваат извонредноста

Благодарение на јасната визија и стабилниот раст, Телекабел неколку години по ред е меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија.

Дополнително, врз основа на мислењето на корисниците, Телекабел е:

Добитник на признанието „Superior Excellence 2025/2026“

Рангиран на прво место за најдобар сооднос цена-квалитет во Македонија, според наградата „Best Buy 2025/2026“

Во текот на 2025 година, Телекабел организираше бројни наградни игри и изненадувања како знак на благодарност кон корисниците, при што беа доделени вредни награди како MacBook, iPhone 16 Pro Max, и IPhone17 Pro Max.

Среќни 29 години, Телекабел – благодарност до сите што се дел од приказната.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *