Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно и суво време со слаб до умерен ветер од северен правец  и ведро време без облачност  и без врнежи од снег. Тоа значи дека ќе имаме сув студ за време на новогодишната ноќ.

За време на новогодишната ноќ температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени а на повисоките населени места и на планините температурите може да се спуштат  и под -10 степени.

Суво и ладно време  ќе имаме  и на 1 Јануари 2026 година (Четврток) и тоа значи дека во новата 2026 година ќе влеземе со многу ладно и суво време  и со сув студ без врнежи од снег.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *