Европскиот првак во мотоциклизам Петар Мијалков и оваа година, заедно со својата екипа, ја продолжи хуманата традиција и ги посети децата со посебни потреби во Штип. По четврти пат тие им донесоа празнична радост, дружејќи се со децата од училиштето „Искра“, како и од дневните центри во Ново Село и за деца со аутизам.

Во срцето на градот беше организиран настанот „Дедо Мраз на две тркала“, кој привлече големо внимание и донесе насмевки кај над 500 деца, кои добија новогодишни пакетчиња.

https://www.facebook.com/share/r/1DUCXC5gSS/

 

сликата е преземена од https://smart.sdk.mk/

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *