Вечерва Театар Штип го пречекува Народен Театар „Војдан Чернодрински“ со моќната драма „Црнила“ на Коле Чашуле. Ова е гостување што не смее да се пропушти – приказна за предавство, братоубиство и моралниот пад, изведена од врвни актери во режија на Дејан Пројковски.
Во улогите:
-
Неда – Сара Спиркоска
-
Иван – Бобан Алексоски
-
Милка – Катерија Чакмакоска-Клинческа
-
Луков – Александар Степанулески
-
Христов – Александар Тодески
-
Фезлиев – Димитар Ѓорѓиевски
-
Методи – Михајло Миленкоски
-
Младиот – Илија Волчески
-
Деца – Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа
Подгответе се за вечер полна со емоции, драматична интрига и незаборавно театарско искуство.
