ОК Штип УГД изминатиот викенд  ја одигра претпоследната средба од Првата одбојкарска лига и со сигурна и доминантна игра забележа победа од 3-0 против екипата на Универзитет Тетово. Одбојкарите на Штип УГД уште од почетокот на натпреварот го наметнаа својот ритам, контролирајќи ја играта во сите сегменти и заслужено стигнаа до максимален резултат.

Во среда, ОК Штип УГД ќе го одигра последниот натпревар од оваа сезона, кога на домашен терен ќе се соочи со екипата на Весна од Пробиштип. Тренерот на Штип УГД, Кристијан Ристевски, најави дека поради разликата во квалитетот меѓу двете екипи, можност за настап ќе добијат и помладите одбојкари, кои ќе имаат шанса да се докажат на прволигашката сцена.

Натпреварите меѓу Штип и Пробиштип во минатото секогаш буделе голем интерес кај љубителите на одбојката и важеле за вистински дерби дуели,

Во моментот на официјалната табела се на првата позиција.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *