Нашата претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го донесе седмото место на 23. издание на детската Евровизија, кое вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија. Победата ја однесе Франција со песната „Ce Monde“, пред второпласираната Грузија и третопласираната Украина.

Според оценките на стручните жирија, Манческа освои 92 поени, што ѝ донесе петто место во делот на жирито. Со гласовите од публиката, нашата земја собра дополнителни 49 поени, што ја постави на конечната седма позиција.

Настапот на Нела Манческа беше награден со силен аплауз од присутните во салата, а нејзината енергична и моќна интерпретација на песната остави силен впечаток. „Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои го потврдија својот талент на европската сцена.

youtube.com/watch?v=SlGVmIONtto&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *