Денеска е Меѓународен ден на волонтерството. Овој ден е прогласен од Обединетите нации во 1985 година и е посветен на промоција на волонтерството, признавање на трудот на волонтерите и поттикнување на граѓанска активност ширум светот.
Според извештајот UN Volunteers (UNV), месечно околу 860 милиони луѓе на светско ниво (на возраст 15 години и повеќе) учествуваат во волонтерство — официјално или неформално.
Тоа значи дека приближно 15% од светската популација на работоспособна возраст волонтира барем еден пат месечно.

