Ски центарот во Маврово официјално ќе ја стартува зимската сезона на 15 декември. Комплексот е целосно подготвен да ги пречека скијачите и туристите, а работата ќе се одвива нормално – во зависност од временските услови и количината снег што ќе ја покрие Бистра.
Инфраструктурата, жичарниците и патеките се технички подготвени за отворање, а екипите од центарот ги финализираат последните подготовки. Доколку временските услови бидат поволни, посетителите ќе можат да уживаат во комплетната понуда на ски-центарот – од уредени патеки до дополнителни содржини за рекреација и забава.
Со најавата за стартот на сезоната, Маврово повторно се позиционира како една од најатрактивните зимски дестинации во земјата, омилена меѓу скијачите, бордерите и сите љубители на активниот одмор.
инфо/фото pari.mk

