Нашиот реномиран, светски познат пијанист Симон Трпчески, на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе одржи новогодишен концерт, со кој ќе прослави 25 години плодна кариера на домашната и на светската музичка сцена.

Оваа новогодишна латино-музичка идила, како што посочи самиот Трпчески, е во организација на „Прагма продукција“, а во соработка со Националната опера и балет (НОБ).

На концертот ќе настапи ансамблот „Македонисимо“, Оркестарот на НОБ и концерт-мајсторот на Оркестарот Климент Тодороски, како и неколку гости кои се најавени како изненадување, а музичкиот настан ќе се одржи во два дела.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *