Штип УГД направи историски чекор за македонскиот одбојкарски спорт! Иако загубија од норвешкиот Кол Ил со 3:1 (35-33, 22-25, 25-18, 25-23) во првиот натпревар од ЦЕВ Челинџ Купот во Осло, штипјани покажаа дека имаат потенцијал и храброст да се носат со европските екипи.

Особено впечатлив беше вториот сет, кога тимот успеа да израмни на 1:1 и покажа дека со дисциплина и борбен дух можат да направат големи резултати. Најефикасни беа Задмард со 20 поени, Оливеира Жуниор со 18 и Стојан Илиев со 14, но целата екипа заслужува аплауз за борбата и упорноста.

Реваншот во Радовиш ќе биде клучен, а штипјани ќе го дадат максимумот за да обезбедат пласман во следната фаза.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *