Штипјанките Патриција и Андреа познатото диџејско дуо „The Geors“  ќе настапат со диџеј-сет во Абу Даби за време на Формула 1 викендот, кој ќе се одржи од 4 до 7 декември. За време на овој викенд публиката ќе има можност да ужива во вкупно четири музички настапи, а на истата сцена ќе се најдат и светски познати музички имиња како Кети Пери, Пост Малоун, Калвин Харис и многу други, претставувајќи различни музички жанрови и стилови.

Музичката програма ќе започне со енергичниот настап на Тревис Скот, а во текот на викендот присутните ќе можат да уживаат во спектакуларни диџеј-сетови, незаборавни музички моменти и динамична атмосфера која ќе го збогати целото искуство на Формула 1 трките.

Патриција и Андреа неодамна ја претставија својата нова песна „No Direction“, создадена во соработка со германската издавачка куќа Luft Und Liebe, што дополнително ја зацврстува нивната позиција на меѓународната музичка сцена. Настапот во Абу Даби ќе биде уште една прилика за нив да ја прикажат својата енергија и музички талент пред глобална публика, комбинирајќи динамика, ритам и незаборавни перформанси.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *