Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја освои наградата за најдобро уметничко остварување на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, Јапонија.Оваа награда доаѓа по последната од пред неколку недели од Филмскиот фестивал во Хаифа, Израел, каде што „Мајка“ доби специјално признание во интернационална конкуренција.
„Мајка“ претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20. век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна борба, верба и мисија. Главната улога ја толкува светски познатата актерка Номи Рапас, во друштво на Никола Ристановски и Силвија Фокс. Сценариото е заеднички труд на Теона Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ.

