В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Терминот „супермесечина“ го опишува моментот кога полната Месечина се совпаѓа со точката во нејзината орбита најблиску до Земјата, наречена перигеј. Бидејќи орбитата на Месечината не е совршено кружна, туку малку елиптична, нашиот природен сателит понекогаш е поблиску до нас, а понекогаш подалеку. Најоддалечената точка од Земјата се нарекува апогеј.
Супермесечината ќе биде видлива в среда, 6 ноември, во 14:20 часот по средноевропско време (CET). Иако ќе биде видлива и ноќта пред и ноќта потоа, најдобро време за гледање е среда навечер, веднаш по зајдисонце.
Не ви е потребна никаква посебна опрема за да ја гледате – сè што ви треба е чисто небо и непречен поглед на хоризонтот. Сепак, промената во големината на Месечината може да биде тешко да се забележи со голо око. Ако го пропуштите овој небесен спектакл в среда, не грижете се. Следната и последна супермесечина во 2025 година ќе се појави на 6 декември.

