Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со одлични настапи во новата сезона, забележувајќи уште една убедлива победа во второто коло. На гостувањето во Скопје, штипјани триумфираа со максимални 0:3 против домашниот тим, со сетови 7:25, 9:25 и 14:25.

Ова е нивна втора последователна победа, откако во првото коло ја совладаа екипата на ОК Сушево исто така со резултат 0:3. Со ваков старт, одбојкарите на Штип УГД најавуваат сериозна форма и амбиции за висок пласман во сезоната што следи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *