Борачот на БК Балканец, Лука Ананиев, учествуваше на престижниот меѓународен турнир „Љутви Ахмедов“ што се одржа во Разград, Бугарија. Тој настапи во категоријата до 48 килограми, во која имаше 13 натпреварувачи од различни земји, што ја направи конкуренцијата исклучително силна.

Ананиев покажа одлична форма и борбен дух, остварувајќи три победи и единствен пораз во финалето, со што го освои второто место во својата категорија.

Тренер на екипата и водич на младите борачи беше Мики Тодоров.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *