Се одбележува на 20 октомври, како глобална иницијатива за подигнување на свесноста за важноста на здравјето на коските и превенцијата на остеопорозата. Оваа болест е тивок убиец на коските, со години се развива без симптоми, додека не се појави првата фрактура, што може да предизвика сериозни и трајни последици.Според глобалните проценки, 1 од 3 жени и 1 од 5 мажи на возраст над 50 години ќе доживеат фрактура поради остеопороза. Ова ја прави болеста една од водечките причини за болка и долготрајна инвалидност кај постарите лица, со сериозно влијание врз квалитетот на животот.
Во Македонија, како и во многу други земји, сè уште постојат предизвици во здравствениот систем кога станува збор за рано откривање на остеопорозата. Редовното проверување на коскената густина преку специјални тестови, како што е денситометријата, е еден од најефикасните начини за откривање на болеста во рана фаза.Остеопорозата е особено честа кај постарите жени. По менопаузата, жените губат значителна количина од коскената густина. Во првите 5 до 7 години по менопаузата, густината на коските може да се намали за дури 20%. Овој брз пад на коскената маса ги прави жените во постменопауза подложни на фрактури, особено на колкот, зглобовите и р’бетот. Преку правилна исхрана и консултации со стручни лица, како што се нутриционистите и докторите, може да се намали ризикот од остеопоротични фрактури и да се подобри целокупното здравје на коските.

Светскиот ден на остеопороза има за цел да ја подигне свесноста за оваа болест и да охрабри милиони луѓе ширум светот да се грижат за своето здравје на коските. Навременото дијагностицирање, превентивните мерки и соодветната грижа можат да помогнат во спречување на компликации и да го подобрат квалитетот на животот на луѓето кои се изложени на ризик.

