Данил Николиски уште еднаш докажа дека е меѓу најдобрите млади џиу-џицу натпреварувачи, освојувајќи прво место на големиот турнир во Источно Сараево, кој собра над 700 натпреварувачи од повеќе клубови и градови. Со својата извонредна техника, смиреност и борбен дух, Данил заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот и уште еднаш го потврди својот квалитет.

Одлични резултати и од останатите натпреварувачи кои покажаа подготвеност, дисциплина и силна волја:
🥈 Матеј Нофитов – второ место
🥉 Јован Николиски – трето место
🏅 Нина Карова – четврто место
🏅 Јован Шишков – четврто место
🏅 Никола Коцев – седмо место

Следниот голем предизвик за Данил Николиски ќе биде Светското првенство во Тајланд, каде што ќе настапи заедно со својот тренер Христијан Јованов. Со ваква форма и посветеност, нема сомнение дека ќе продолжат да не прават горди и на светската сцена.

Николиски на светската ранг листа на џиу-џицу натпреварувачи е на 12-позиција

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *