Младиот борач од Штип, Лука Ананиев, се закити со сребрен медал на Балканското првенство за пионери во Романија. Во големото финале, вчера, тој водеше борба со претставник од Турција и го освои второто место. Иако не успеа да стигне до златото, неговото сребро е подвиг што блеска со ист сјај!

