Во централното градско подрачје на Штип е забележано оштетување на декоративните саксии со цвеќе, кои неодамна беа поставени од страна на градските власти за разубавување на јавниот простор.

Ваквите инциденти претставуваат не само чин на вандализам, туку и непочитување кон трудот и грижата на заедницата за уреден и пријатен градски амбиент.

Ова, за жал, не е изолиран случај. Во изминатиот период се регистрирани повеќе оштетувања на урбана опрема — најчесто долж пешачката патека во Штип, како и во парковите и зелените површини.

Angels FM неодамна направи обиколка низ градот и забележа уништени клупи и други јавни површини.

Пред само неколку недели реагираа од штипската Гимназија 

Слични примери на вандализам, најчесто од страна на малолетници, се пријавуваат и во други градови низ Македонија. Граѓаните на социјалните мрежи реагираат со осуда, посочувајќи дека ваквото однесување е резултат на недостаток на воспитување и родителска контрола. Дел од коментарите повикуваат на поголема одговорност, предлагајќи родителите на сторителите да ја сносат материјалната штета и да се вклучат во општествено корисна работа.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *