Општина Крушево влезе на престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025, заедно со светски познати туристички места во САД, Чиле, Франција, Шведска, Словенија, Јапонија. На глобалната конференција во Франција, организаторите кажаа дека наградата за Општина Крушево е во категоријата менаџирање со дестинации кои се пример како може туризмот да биде управуван во интерес на заштитата на природата, културата и локалната заедница.
Од Општина Крушево велат дека со туристичка посетеност рушат рекорди.
„Ако туристичката такса покажуваше околу 14.000 посети во 2017, денес имаме евидентирани 40.000 ноќевања во Крушево. Годинава имаше Светско првенство за параглајдерство, други седум меѓународни првенства и 50 културни и спорски настани, со што срушивме рекорди на посетеност“, велат од Општината.

