Во Македонија, како и во Европа, социјалните мрежи стануваат главен извор на политички информации. Според најновите истражувања, граѓаните последните неколку години, голем процент политичките пораки ги примаат преку Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, наместо преку традиционалните медиуми.
-
Фејсбук сè уште е на прво место како платформа за политичка комуникација, особено меѓу постарата популација.
-
Инстаграм и ТикТок растат во значење, бидејќи младите речиси и да не следат телевизија, а политиката ја добиваат преку кратки видеа, мемиња и саркастични коментари.
Истражувањата во Европа покажуваат дека младите многу почесто следат политички инфлуенсери, отколку официјални партиски профили или класични политичари. Идентична е сликата и кај нас: едно селфи-видео или духовита TikTok објава ќе има поголем ефект кај младата публика отколку долги прес-конференции или телевизиски интервјуа.
Со почетокот на изборната кампања од петок во Македонија, може да се очекува „политичка окупација“ на социјалните мрежи – постојани реклами, видеа, клипови и пораки насочени кон гласачите. За некои, ова ќе биде можност подобро да се информираат и да донесат одлука; за други, ќе значи заситеност од политика и можеби двонеделна „дигитална диета“.
Она што е сигурно е дека политичката битка се води сè помалку на телевизија, а сè повеќе на екранот од мобилниот телефон.

