Македонија е претставена со тројца херои на една од најекстремните и најпрестижни трки во светот – Tor des Géants. Двајцата штипјани, Радмила Јованова и Жикица Ивановски, заедно со Катерина Шиповиќ, ја започнаа својата неверојатна авантура синоќа.

Оваа трка е вистинско тестирање на издржливоста и менталната сила на натпреварувачите. Учесниците ќе трчаат цели 150 часа, односно приближно 6 дена и 6 часа, низ суровите и величествени Алпи, поминувајќи 330 километри и совладувајќи 26.000 метри висинска денивелација.

Tor des Géants е позната по својата неверојатна тешкотија: теренот е суров, временските услови непредвидливи, а издржливоста и психичката сила на тркачите се ставаат на максимум. Учесниците мораат сами да се справуваат со ноќи на малку сон, екстремни височини и напорни и стрмни патеки.

Нашите херои се спремни да го претставуваат Македонија на светската сцена и им посакуваме многу успех и успешно завршување на трката. Нивната посветеност, дисциплина и храброст се инспирација за сите нас.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *