На 16 септември, на Градскиот плоштад во Штип, ќе се одржи настан во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тогаш ќе се навршат шест месеци од денот кога животот го загубија 62 млади луѓе, меѓу кои и петмина штипјани.

Настанот ќе започне во 20:00 часот со палење свеќи, како симбол на светлината и трајното сеќавање на изгубените животи. Во 20:30, присутните ќе ги подигнат светилките од мобилните телефони кон небото, создавајќи впечатливо „ѕвездено небо“ како знак на почит и спомен на младите кои Македонија ги загуби на 16 март.

Сите граѓани се повикани да се приклучат и заедно да ја испратат пораката дека светлината на овие животи никогаш нема да згасне.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *