Улицата „Тодор Проески“ во Крушево добива нов сјаj.

По две години пауза, улицата „Тодор Проески“ во Крушево конечно добива нов живот. Ова значајно место, посветено на ликот и делото на нашата прерано згасната музичка ѕвезда Тоше Проески, повторно ќе биде центар на внимание, љубов и сеќавање.

Реновирањето започнува по иницијатива на неговите најблиски пријатели, семејството и фановите, кои вложија труд и емоција за ова симболично место да ја врати својата стара слава.

Скалите што водат по улицата се уредени во форма на пијано – инструмент бидејќи Тоше го свиреше и обожаваше. Па, заедно со  Основно училиште “Никола Карев”- Крушево на чело со професорот по ликовно Емил Салевски, професорката Зорица Чевкаровска и Надица Нане, заедно со учениците ги обоиа скалилата. Дополнително, ќе бидат вградени петокраки ѕвезди со имињата на неговите најблиски соработници, како симбол на заедништвото што го негуваше во кариерата. А дополнително ќе се пополнува и уредува самата улица.

Она што оваа улица повторно ќе ја направи магична е фактот што музиката на Тоше ќе се слуша 24 часа дневно, носејќи ги посетителите назад во времето кога неговиот глас беше дел од нашето секојдневие.

Со оваа иницијатива, Крушево добива уште едно вредно културно и емотивно обележје, а ние повторно се потсетуваме дека Тоше не е заборавен – неговиот дух и музика продолжуваат да живеат меѓу нас.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *