Македонија до 2100 година ќе се намали за 52 проценти, покажува извештајот на Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации (УНДЕСА) насловен „Перспективи на светската популација 2024: Резиме на резултатите“.
Врз основа на проектираните 1.813.791 жители до крајот на годинава, тоа подразбира дека по 75 години во Македонија ќе живеат помалку од еден милион луѓе или 943.171.
Од земјите во регионот Црна Гора до 2100 година ќе има 48 проценти помалку жители отколку сега, Бугарија 47 отсто (3,5 милиони), Србија 45 отсто, Хрватска 44 отсто, Грција 37 отсто, Косово 35 отсто, Словенија 23 отсто итн.

