Во остатокот од оваа недела ќе имаме многу топло време, Македонија останува под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.
Во понеделник пак (18 август) во попладневните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.

