Македонија влегува во нов период на стабилно, суво и претежно сончево време, проследен со значителен пораст на дневните температури. Причината за ваквата временска состојба е влијанието на топла и сува воздушна маса која пристигнува од југ, односно од Африка.

Температурите ширум земјата во наредните денови ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, а локално не се исклучува можноста да достигнат и 40 степени Целзиусови.

Иако повторно следува значително топол бран, Попоски напоменува дека неговиот интензитет ќе биде нешто понизок во споредба со претходниот, кога беа измерени екстремно високи температури.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *