Овој екстремно топол бран во Македонија ќе го достигне својот максимум во петок и во сабота (25 и 26 јули) кога температурите ќе бидат дури и повисоки од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 38 до 43 степени, а во Повардарието локално температурите ќе се искачат дури и до 45 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Пад на температурите, освежување на времето и локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе имаме од недела (27 јули) во попладневните и во вечерните часови.

