На редовно собрание на Боречката федерација на Македонија кое се одржа синоќа, едногласно беше потврдена довербата кон актуелниот претседател Дејан Богданов, кој ќе го продолжи своето раководство со Федерацијата и во наредните четири години.
По разгледување на сите точки од дневниот ред, како и по презентирањето на извештајот за досегашната четиригодишна работа, членовите на Федерацијата го оценија мандатот на Богданов како успешен. Со признанија за постигнатите резултати, но и конструктивни критики за иднината, беше донесена одлука тој да остане на чело на организацијата, со цел да се продолжи континуитетот и натамошниот развој на боречките спортови во земјата.
„Правилниот начин на работа, многу труд , коректноста, жртвата за Боречката Федерација, но и за управниот одбор , тренерите, спортските работници како и спортистите и спортистките на досегашниот претседател Дејан Богданов излегоа на виделина! Денес на задолжителното изборно собрание за избор на претседател на Федерацијата по прегледување на сите точки од дневниот ред, по извештајот за четиригодишната работа на досегашниот претседател, по сите критики и пофалби се донесе одлука мандатот на досегашниот претседател Дејан Богданов да биде продолжен! Нека ни се честити уште четири години работа и успех по досегашниот пат“, соопшти Федерацијата.

