Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. Чија музика ја напиша Григор Копров , текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана. “Мотото на фестивалот годинава беше „Тиват го спојува регионот“, и навистина беше така, со многу мои драги колеги се дружев деновиве. Песната „Небо“ која ја пеев со Ана ми се допадна „на прво слушање“, нејзиниот глас е реткост во денешно време. Без оглед на тоа колку награди сум добил, на секоја ѝ се радувам како да ми е прва“, рече Дадо Топиќ.

Во 2023 и 2024 Топиќ беше гостин на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“, чиј директор е македонскиот композитор. Лани, Топиќ во Охрид прослави 60 години кариера и ја изведе песната „Македонија“. Годинава, „Охрид фест“ ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ на 29 и на 30 август.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *