За само осум недели од објавувањето, оваа семејна комедија собра 416,1 милиони долари во Северна Америка и импресивни 584,8 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупниот број достигна 1,001 милијарда долари. „Лило и Стич“ е најновиот доказ дека стратегијата на „Дизни“ за преместување на проектите од стриминг во кино салите може да донесе неверојатни резултати. Имено, филмот првично беше замислен како наслов што ќе се објавува ексклузивно на платформата „Дизни+“, но студиото сепак одлучи за кино дистрибуција.
Филмот премиерно се претстави кон крајот на мај, уривајќи рекорди со бруто почетна заработувачка од 183 милиони долари во Северна Америка и 341 милион долари глобално за само четири дена. Тој го постигна најуспешното отворање во историјата за време на викендот на Американскиот ден на сеќавањето. Само во 2024 година, Дизни заработи дури 2,6 милијарди долари на производи со ликовите на Лило и Стич. Сега кога новата генерација го запозна овој симпатичен хаотичен човек, се очекува продажбата да продолжи да расте, особено за време на празничната сезона.
Покрај тоа, „Стич“ е исклучително популарен на стриминг услугата „Дизни+“. Според извори од студиото, рејтинзите за франшизата, која вклучува неколку филмови и ТВ серии, растат од година во година. Сите содржини поврзани со Лило и Стич досега имаат постигнато повеќе од 680 милиони часови гледаност, од кои дури 280 милиони се однесуваат на оригиналниот цртан филм од 2002 година.

