Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, денеска во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, особено во северните, централните  и во источните предели атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследно со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие денес (четврток 17 јули) сеуште ќе бидат високи и речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени.

Утре (петок 18 јули) времето ќе биде претежно стабилно и суво, но сепак, можна е појава на сосема краткотраен локален дожд, особено претпладнето.


17/07/2025

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *