Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од

18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар.

-За реалноста би требало секому да му биде гајле. Уште повеќе кога реалноста е мачна, од непребол тешка, навидум безизлезна, па сакаме да е невистинита. Кога е таква, секој од нас треба да стори онолку колку што може, оти секој може да стори барем по нешто. Кога е таква, мора да го свртиме погледот не подалеку од болката, бесот и безнадежноста, туку токму кон нив и со сета сила да го преточиме субјективното во колективен чин на поддршка и да создадеме простор каде што ќе биде безбедно и добредојдено да се чувствува и наглас да се зборува за тоа. Оти, парадоксално, токму таму, од колективното извираат смислата и силата да се плови низ реалноста, истакнуваат од „МакеДокс“.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, а се реализира во соработка со Support Kochani, НУ Центар за култура „Бели мугри“ и Општина Кочани. 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *