Најновата анкета на Агенцијата за електронски комуникации открива загрижувачки тренд: малолетниците во Македонија во просек поминуваат до пет часа дневно на интернет. Анкетата покажува дека 34,1% од домаќинствата имаат малолетни лица кои редовно го користат интернетот, а во 80,7% од случаите, тоа се случува секојдневно. Најголем дел од тие деца, дури 78,2%, поминуваат до 5 часа дневно онлајн, што отвора прашања за дигиталната хигиена и потенцијалните последици врз нивниот развој.

Иако 63,5% од испитаниците знаат дека постои софтвер за родителска контрола, само 25,9% од домаќинствата навистина го користат. Интересно е што 58,6% од оние кои не користат, но знаат за вакви алатки, би инсталирале доколку имаат повеќе информации. Но, само 17,3% знаат каде да најдат ваков софтвер.Овие податоци алармираат дека иако интернетот е присутен речиси во секој дом, свесноста за безбедноста на децата и задоволството од услугите не е на високо ниво, па се потребни конкретни политики, едукација и кампањи за дигитална одговорност.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *