Наместо традиционални повици, тинејџерите се одлучуваат за видео повици и гласовни пораки како начин да останат поврзани со пријателите и семејството.Многу млади луѓе сметаат дека да му се јавите некому е „непријатно“ или „awkward“, што е потврдено од анкета спроведена во Австралија, која покажала дека 42% од генерацијата Z сакаат да ги избегнат ваквите повици.Експертите, исто така, истакнуваат дека гласовните пораки и видео разговорите го олеснуваат изразувањето на чувствата и мислите. Гласовните пораки даваат дополнителна лична димензија бидејќи се чувствуваат како разговор во реално време, но со можност за одговор кога е најзгодно за примателот.
Важно е да се охрабрат децата да продолжат да ги развиваат своите вештини за директна комуникација, без разлика дали преку телефон или лично.
Оваа форма на разговор овозможува подобро поврзување и зајакнување на односите, но и развој на важни социјални вештини како што се активно слушање и препознавање на невербални знаци што често не можеме да ги доловиме преку пораки или гласовни снимки.

