Според Управата за хидрометеролошки работи, од четврток и за време на викендот живата во термометрите насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне и до 40 степени.
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 38 степени.

