Изминатиот викенд, штипјанецот Марко Џорлев го освои третото место во категоријата кадети до 63 килограми на Светската младинска лига во карате што се одржа во Пореч Хрватска Ова престижно натпреварување собра врвни млади каратисти од целиот свет, а Џорлев со своето деби импресионираше со серија одлични борби.

Марко забележа три значајни победи против натпреварувачи од Украина, Германија и повторно Украина во борбите за медал, покажувајќи зрелост и решителност кои ретко се гледаат кај млади спортисти. Во претходните рунди, тој успешно ги совлада и противниците од Хрватска и Белгија, пред да биде поразен од каратист од Чешка.

Со оваа бронза, Џорлев не само што го прослави својот град Штип, туку ја претстави Македонија во најдобро светло на меѓународната сцена. Неговото име сега стои рамо до рамо со најперспективните млади каратисти во светот.

На турнирот учествуваа 3.225 каратисти од 78 држави, со вкупно 3.262 натпреварувачки влезови – што ја потврдува силната конкуренција и значењето на медалот кој Михајлов го осови за Штип и Македонија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *