Според најновото ажурирање на (ECMWF моделот) Европскиот центар за среднорочна прогноза, претстојниот месец јули 2025 во  Македонија ќе биде натпросечно топло со температури кои ќе бидат повисоки за 1 до 2 степени за месец јули, што значи дека може да очекуваме нови топлотни бранови со потекло од југ, односно од Африка.

Натпросечно топол јули ќе имаме низ целиот регион, како и во најголем дел од европа. Топлотни бранови ќе има низ цела европа во текот на претстојниот месец јули.

Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме релативно суво време (сушен период).

Со оглед на тоа дека се работи за месечна анализа на времето, промени во истата се можни.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *