Каратистот на КК Штип, Љупче Михајлов, освои бронзен медал на еден од најпрестижните младински карате-настани – Карате 1 Младинската лига, што се одржа во Пореч, Хрватска. Михајлов настапи во категоријата У-21 и на патот до медалот оствари пет победи и само еден пораз, со што за малку ја промаши можноста да се бори за злато.

Со ова одлично остварување, Михајлов уште еднаш го потврди својот квалитет и потенцијал, најавувајќи успешна натпреварувачка сезона.

На турнирот учествуваа 3.225 каратисти од 78 држави, со вкупно 3.262 натпреварувачки влезови – што ја потврдува силната конкуренција и значењето на медалот кој Михајлов го осови за Штип и Македонија.

Тренерот на КК Штип Жарко Арсовски за Енџелс фм изјави дека борбите продолжуваат денес попладне а утре на сцена ќе настапат кадетите.

Повеќе за успесите денеска во Радио Шоу на Енџелс фм од 14:00 до 16:00 часот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *