Долгометражниот документарен филм „Време на бетон” во режија на Игор Иванов и во продукција на Скопје Филм Студио е селектиран во официјалната програма на престижниот фестивал Бит Филм Фестивал (Beat Film Festival) во Москва.

Бит Филм Фестивал, со публика од над 10.000 гледачи е најголемиот фестивал на документарен филм во Русија. Низ годините прераснува во голем културен настан кој прикажува избор од најдобрите документарни филмови од најновата светска продукција на теми од областа на музиката, модерната уметност, урбанизмот и архитектурата, уличната култура, модата и новите технологии.

Македонскиот филм е во режија на Игор Иванов, е снимен по сценарио на Иванов и Томи Салковски, автор на нарацијата е Ѕвездан Георгиевски, наратор Никола Ристановски, соработници на сценариото Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова, кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, дизајнот на звукот на Игор Поповски.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *