Денеска не очекува променливо облачно и топло време со сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови, на повеќе места се очекува појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи. Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 13 степени Целзиусови, додека максималните дневни ќе достигнат од 23 до 29 степени.
Викендот, нашето подрачје ќе биде под влијание на нов влажен бран, кој ќе донесе врнежи од дожд, локално во форма на невреме. Се очекува пообилен дожд со количества над 30 литри на квадратен метар, проследен со грмежи и засилен ветер. Со тоа, дневните температури ќе бележат опаѓање.

